Познато е колку Роналдо сака да постигнува голови, а во првите два натпревари за Јувентус токму тоа недостасуваа, Португалецот игра добро, но погодок се уште нема.
Поради „постот“ од 180 минути, Роналдо се одлучи да ги превземе работите во свои раце.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Еден ден после натпреварот против Лацио, посака „добро утро“ од теретаната, медиумите во Италија пишуваат дека е опседнат со цел да ја пронајде вистинската форма. Дека тоа е така докажува и неговиот последен потег.
Имено, тој го одбил повикот од селекторот и има намера да остане во Торино во текот на репрезентативната пауза и да ги засили индивидуалните тренинзи со цел максимално спремен да го дочека неговото омилено натпреварување – Лигата на шампионите.
Поради тоа Португалците ќе останат без својата прва ѕвезда за наредните два натпревари, пријателскиот натпревар против Хрватска, но и оној од Лигата на нации, на 10 септември во Лисабон.