Дома Трансфер зона Романо ја откри најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок

Романо ја откри најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок

Најголемата грешка на Арсенал во летниот преоден рок е тоа што не успеале да го доведат Рафиња од Лидс, изјави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Рафиња беше нивни главен приоритет. Мислам дека тој беше најголемата грешка на Арсенал ова лето. Сакаа да го доведат, а Рафиња во еден период беше отворен за преговори“, изјави Романо.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со оглед на тоа дека Лидс минатата сезона се бореше за опстанок бразилскиот фудбалер беше достапен на пазарот.

Во случај Лидс да испаднеше неговиот трансфер во Барселона ќе беше скоро сигурен затоа што имаше пристапна клазула. Меѓутоа изгледа дека Барса не беше во можност во тој период, па се отвори врата за Челзи и Арсенал да се договорат со играчот.

Сепак, Барса подоцна успеа да ги пронајде потребните 55 милиони фунти и Рафиња заврши во шпанскиот клуб. Арсенал се обиде, но очигледно нема за што да жали премногу затоа што Барселона беше неговиот прв избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…