Напаѓачот на Евертон и бразилски репрезентативец, Ричарлисон потврди дека во јануари имал понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона, но „карамелите“ не сакале да се разделат со него.
Во јануари англиските медиуми тврдеа дека „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 70 милиони евра за потписот на Бразилецот, но Карло Анчелоти го блокирал трансферот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од „Камп Ноу“ дури предложиле и повисока понуда, од 85 милиони евра бидејќи сакале да го донесат Ричарлисон како замена за Луис Суарез, но и таа понуда била одбиена.
„Имав понуди од Манчестер Јунајтед и Барселона. Меѓутоа , клубот сакаше да ме задржи, а и јас не сакав да заминам на средина од сезоната. Лошо е да ги оставиш соиграчите на половина пат“, изјави Ричарлисон.