Дома Трансфер зона Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент сакал да стави крај на кариерата.

Ричарлисон како скапо засилување пристигна во Тотенхем, но беше мета на многу критики поради слабите партии, па  му била потребна психолошка помош откако беше снимен како плаче на клупата за резерви на натпреварот на Бразил против Боливија.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Само што играв на Светското првенство, можеби го достигнав врвот. Не знам, нема да зборувам за самоубиство, но таму бев депресивен и сакав да се откажам. Дури и јас, кој изгледав ментално силен. По Светското првенство се чинеше дека сѐ ми се распадна. После тоа, кога се вратив во клубот, пред да дојдам на тренинг, веќе сакав да си одам дома. Само сакав да се вратам во мојата соба бидејќи не знам што ми се вртеше низ главата“.

„Мислам дека терапевтот, сакал некому да му признам или не, ме спаси. Ми го спаси животот. Пред да помислам дека тоа е глупост… По ова искуство, советувам секој што чувствува нека му треба психолог, нека го побара затоа што е убаво да се отвориш и да разговараш со таа личност“, откри Ричарлисон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Тонали е примарна трансфер цел на Јувентус

Најголема желба на Јувентус во летниот преоден рок ќе биде италијанскиот репрезентативец С…