Бразилскиот репрезентативец, Ричарлисон имаше лична исповед за неговиот однос ос Антонио Конте кој од клубот си замина во март.
Ричарлисон бил разочаран од односот на италијанскиот стратег, а открива и дека во една ситуација цели два часа го понижувал пред целата соблекувална.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште по поразот од Милан во Лигата на шампионите, додека Конте се уште беше тренер, Ричарлисон јавно го критикуваше.
„Ќе видиме што ќе каже сега, но тука нема будали, јас сум професионалец кој тренира секој ден и сака да игра. Немам најдобра сезона, но ќе излезам посилен од сето ова“, изјави Ричарлисон.
Конте тогаш излезе со одговор во јавноста порачувајќи му дека е себичен.
„Му се извинив, признав дека погрешив по тоа интервју. Прифатив да бидам казнет, но тој сакаше да покаже дека само тој е главниот. Ме понижуваше скоро два часа пред сите, очите ми беа полни со солзи, едвај се воздржував“, изјави Ричарлисон.