Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски ја почна авантурата во новиот клуб Бохемијанс Прага, по трансферот од Спартак Трнава.
Првите впечатоци на Ристовски за новиот клуб се генерално позитивни и истакна дека ќе направи се за да му помогне на клубот да ги реализира своите цели.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Носам позитивни впечатоци од првите тренинзи. Се што слушнав за клубот е позитивно, подготвен сум во целост за предизвикот и ќе дадам се од себе да му помогнам на Бохемјас. Бројот 77 го избрав затоа што со тој број играв во Нитра и ми носеше среќа“, изјави Ристовски.