На денешната прес-конференција заедно со селекторот Благоја Милевски присуствуваше новиот капитен на репрезентацијата, Стефан Ристовски.
Ристовски ја презема капитенската лента од Горан Пандев кој се повлече од репрезентативниот дрес и за него тоа претставува огромна чест.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Сакам уште еднаш јавно да се заблагодарам на капитенот Горан Пандев. Тој треба да биде пример како да се продолжи репрезентативниот пат. Огромна е честа што сум капитен на овој тим и што, благодарност до селекторот што ми дава доверба да бидам предводник. Ќе ме радува уште повеќе сите ние заедно да бидеме пример како се носи репрезентативниот дрес“
„Фудбалот дојде до едно ниво, кога нема многу време за размислување. Имаме промени, нема многу време, но доволно сме професионални за да продолжиме каде што застанавме, се надевам на позитивен резултат и убав нов почеток каков што доликува“, изјави Ристовски.
Фото: ФФМ/Петр Стојановски