Дома Фудбал Останато Ризикуваа и се исплатеше: Шпанците за 1.050.001.000 ги купија правата за Серија А!

Ризикуваа и се исплатеше: Шпанците за 1.050.001.000 ги купија правата за Серија А!

Серија А доби точно 1.000 евра повеќе од минималната цена.

Италијанските ТВ станици „Скај“ и „Медијасет“ сметаа дека е тоа е премногу. Но управата на лигата се коцкаше кога одлучи да ги одбие домашните понуди и одлучи да ја почека шпанската „МедиаПро“. Со единствен услов: Минимална цена од 1.500.000.000 евра (Милијарда и петсотини милиони).

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ризикот се исплатеше. „МедиаПро“ понуди точно 1.000 евра повеќе од миниминалната сума, па така стана ексклузивен сопственик на правата за пренос на натпреварите од Серија А за периодот од 2018 до 2021 година.

Според ова може да се каже дека Серија А годишно ќе заработува околу 500.000.000 евра, а поголемиот дел од оваа сума ќе поделат клубовите кои во последно време не успеваат финансиски да им парираат на клубовите од останатите првенства.

Сепак и после овој договор нема да бидат на нивото на најголемите. Премиер лигата за тригодишен договор добива околу 6.000.000.000 евра (иако дава дел и на клубовите од Чемпиншип), Примера наскоро би можела да потпише договор вреден 2.300.000.000 годишно, а Бундес лигата добива 4.500.000.000 за период од четири сезони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри го објави датумот кога Модриќ ќе пристигне во Милан

Масимилијано Алегри, кој повторно се најде на тренерското столче на Милан, потврди дека Лу…