Фудбалските аналитичари во Шкотска се воодушевени од спринтот на Бојан Миовски при голот за победа на Абердин во вчерашното полуфинале од шкотскиот куп.
Миовски истрча 80 метри од пред својот гол до противничкиот шеснаесетникот и на крајот успеава да шутира и да биде прецизен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот шкотски репрезентативец, Џон Колинс зборуваше за голот на Миовски.
„Разликата помеѓу двата тима беше само Бојан Миовски. Дојде во Абердин и на вистински начин го покажува својот потенцијал. Во финишот на натпреварот успеа да има сила за еден таков спринт. Тешко е да бидете прецизни откако ќе истрчате 80 метри“, објаснува Колинс.
Шкотските аналитичари пресметаа и дека реализиацијата на на Миовски сезонава е 17.4% што е одличен процент.
„Бојан е напаѓач каков што ретко кога имал Абердин. Неговиот допринс за тимот е огромен“, објаснува Вили Милер, легенда на Абердин.
🎉❤️ What dreams are made of for Aberdeen – the moment Bojan Miovski fired them into the final.
— Football Scotland ⚽️🏴 (@Football_Scot) November 4, 2023
pic.twitter.com/4xspC3fxtJ