Репрезентацијата на Македонија во Футсал денес претрпе пораз од Босна и Херцеговина со 9:5.
Стануваше збор за пријателски натпревар, но Босанците не се однесуваа така. Противникот играше грубо и правеше чести стартови, имаше и расправии помеѓу фудбалерите. Поради тоа нашите репрезентативци го напуштија теренот.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Сепак, на крајот се вратија и го доиграа натпреварот. Головите за нашата селекција ги постигнаа Седат Зибери (два), Талант Исмаили, Драган Петровиќ и Исмет Чека.
Коментари