Дома Фудбал Реал утре го претставува Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“

Реал утре го претставува Јовиќ на „Сантиаго Бернабеу“

Реал Мадрид веќе го официјализираше трансферот на Лука Јовиќ, но поради репрезентативните обврски српскиот напаѓач се уште не е официјално претставен во Мадрид.

По тој повод „кралевите“ денеска се огласија на клупскиот сајт и потврдија дека промоцијата на Јовиќ е закажана за утре, со почеток во 13 часот во ВИП-салата на стадионот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Веднаш потоа, Јовиќ ќе излезе на теренот на „Сантиаго Бернабеу“ во дресот на Реал Мадрид и ќе го има првиот контакт со новите навивачи.

Јовиќ зад себе има феноменална сезона во Ајнтрахт Франкфурт, за него силен интерес покажаа многу европски гиганти, но „кралевите“ ја победија конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан и Наполи се распрашуваат за Рабио

Адриен Рабио се замеша во уште еден скандал и Марсеј изрази желба да се раздели од него. О…