Дома Фудбал Останато Реал Мадрид донел одлука за иднината на Солари?

Реал Мадрид донел одлука за иднината на Солари?

Изгледа дека за Солари нема никаква надеж.

Имено, по информацијата дека бил на вечера со Флорентино Перез, шпанските медиуми се сигурни, соопштени му се неговите забелешки, но и тоа дека нема да биде тренер следната година, дури и ако ја освои Лигата на Шампионите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од што не се задоволни во Мадрид?

Аргентинецот обвинува дека нема авторитет, дека ги фаворизира некои играчи, дека фудбалерите повеќе го слушаат кондициониот тренер кој со Зидан правеше чуда и дека постои нерасположение кај повеќе играчи кога станува збор за одлуките на Солари. Не е проблем само Иско, неколку играчи не сфаќаат зошто Солари нема исти став кон своите играчи. Исто така Асенсио делува изгубено, Марсело е на излезни врати, а Бејл далеку од форма.

Изгледа дека екипата не го прифати Солари како постојано решение, дека нема поддршка во горните ешалони, иако Перез имаше друго мислење. Следува потрага по тренер. Како и обично, се појавија доста имиња, Покетино е пред сите, па Алегри, изгледа дека Конте отпадна, но прашањето е колку сите овие цели се реални.

Во секој случај, Реал ќе бара нов тренер, Солари има договор до 2021. година, но и „квака“, ако на лето не биде задоволен, ќе може да го раскине договорот без никаков надомест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…