Италијанскиот агент Мино Рајола работи неверојатна работа со играчите кои се негови клиенти.
Речиси сите играчи кои ги води овој одличен агент играат во големите европски клубови и немаат проблем да пронајдат нова екипа кога ќе дојде време за трансфер. Токму тоа е она што го сака и играчот на ПСЖ, Марко Верати – трансфер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој ова лето сака да го напушти ПСЖ и да се пресели во друг клуб, а спасот го гледа токму во Рајола.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Верати има намера да стави крај на соработката со моменталниот агент и да се пресли кај Рајола. Италијанскиот играч верува дека Рајола ќе му ја исполни желбата и ќе пронајде нов клуб, а ќе видиме дали ќе биде тоа така на крајот.
Потсетуваме, клиенти на Рајола меѓу останатите се Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели, Ромелку Лукаку, Џанлуиџи Донарума…