Дома Фудбал Останато Рафа Бенитез се враќа во Премиер лигата?

Рафа Бенитез се враќа во Премиер лигата?

Рафа Бенитез ќе биде нов тренер на Евертон, пренесуваат медиумите во Англија.

Шпанскиот стратег вчера имаше состанок со управата на „карамелите“ и наводно на истиот се договориле за соработка и се очекува наскоро да биде официјализиран како нивни нов менаџер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Бенитез ќе го замени Карло Анчелоти кој се врати на чело на Реал Мадрид. Последен клуб на 61 годишниот стрратег беше кинескиот Далијен Про од каде што си замина во јануари поради пандемијата на коронавирусот.

Во Англија имаше искуство водејќи го Њукасл, а се прослави во градскиот ривал на Евертон, Ливерпул. Исто така ги водеше Челзи, Валенсија, Интер и Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Веќе не можеше да молчи: Вирџил ван Дајк брутално нападна легенда на англискиот фудбал

Зборови кои одекнаа посилно од било кој старт на теренот. Капитенот на Ливерпул веќе не мо…