Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалез дополнително го скрати списокот за Светското првенство кое ќе се игра во јануари.
Во пресрет на мини паузата шпанскиот стручњак на клупата од Македонија го скрати списокот за дополнителни двајца ракометари. Од селекцијата отпаднаа ракометарот на Металург Томислав Јагуруноски и членот на Пролет Ласко Андоноски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија подготовките ќе ги продолжи на 2 јануари, а Раул Гонзалес на располагање ќе има 20 ракометари. Како дел од овие подготовки, ќе одиграме две контролни средби против Србија, на 4 и на 5 јануари, од кои вториот дуел ќе биде од затворен карактер.
Мундијалот во Германија и Данска започнува на 10 јануари, а Македонија во групата се ноаѓа Бахреин, Јапонија, Шпанија, Исланд и Хрватска.
Фото: РК Металург