Хрватскиот плејмејкер Иван Ракитиќ, ќе ја напушти Севиља и ќе направи изненадувачки трансфер, пренесуваат шпанските медиуми.
Имено, силен интерес за Хрватот покажува турскиот гигант Бешикташ, а преговорите за трансферот се во напредна фаза.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бешикташ му нуди двегодишен договор и повисока плата од таа која ја добива во Севиља, а клубот од Андалузија е во финансиски проблеми и мора да се ослободи од најплатените играчи.
Тој влегува во последната година од договорот со Севиља, па турскиот клуб за неговиот потпис ќе плати 4 милиони евра.