Иван Ракитиќ ќе го засили Хајдук и овој трансфер е веќе договорен и потребно е да се завршат само одредени формалности за хрватскиот ветеран и официјално да пристигне во Сплит.
Ракитиќ одлучи по епизодата во саудискиот Ал Шабаб да се врати во Европа, па се одлучи за клубот од неговата татковина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Заминувањето од Саудиска Арабија значи и откажување на Ракитиќ од големата заработка во Ал Шабаб каде што добиваше 15 милиони евра годишно.
Јасно е дека Хајдук не може да му понуди ниту приближно толку, а сега хрватските медиуми откриваат колкава ќе биде неговата плата. Неофицијално, платата на Ракитиќ ќе изнесува 600.000 евра годишно.
Тоа е сума со која нема да биде најплатен во тимот на Хајдук бидејќи Марко Ливаја добива еден милион евра.