Дома Фудбал Италија Раиола и Донарума го шокираа Милан

Раиола и Донарума го шокираа Милан

Според информациите на италијанските медиуми се уште нема договор помеѓу Џанлуиџи Донарума и Милан за продолжување на соработката.

Договорот на Донарума со Милан истекува на крајот на сезоната и двете страни веќе подолго време се во преговори.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Росонерите“ на младиот голман му нудат петгодишен договор и плата од 7,5 милиони евра по сезона, со што ќе биде најпалтен фудбалер во тимот.

Агентот на Донарума, контроверзниот Мино Раиола се уште не ја прифаќа понудата бидејќи сака продолжување на договорот само на две години, нешто што не е прифатливо за Милан. За долгорочен договор Раиола бара плата од 9 милиони евра за својот агент.

Се очекува двете страни да најдат заеднички јазик до крајот на сезоната, бидејќи самиот Донарума сака да остане на „Сан Сиро“ и не размислува за заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…