На голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума му е понуден нов договор, пишува италијанскиот „Кориере дела Сера“.
Договорот на Донарума со Милан му истекува на лето 2021 година, а Милан му понудил нов повеќегодишен со плата од седум милиони евра. Сепак, наводно во целата приказна сега се вклучил Мино Раиола кој побарал од Милан поголема плата за Донарума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот голман во медиумите се поврзува со Јувентус и Интер, па италијанците тврдат дека Раиола тоа го користи за на еден начин да го уцени Милан да му даде поголема плата.
Милан во овој момент е лидер во Серија А, а Донарума од 13 натпревари на четири успеа да ја зачува чиста својата мрежа. Вкупно во сите натпреварување Донарума сезонава бранеше на 20 натпревари.