Бразилскиот играч за врска Бруно Гимараеш е свесен дека Реал Мадрид е заинтересиран за него, но уште еднаш истакнува дека е среќен во Њукасл.
Тој минатата зима потпиша договор со Њукасл за нешто повеќе од 40.000.000 и брзо се прилагоди на фудбалот во премиер лигата, стана еден од најважните играчи во тимот на Еди Хау.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Летово интерес за него покажа Реал Мадрид. Бразилецот потврди дека имало разговор со Реал Мадрид, но не се случувало ништо повеќе.
„Реал е најдобриот тим во светот и убаво е кога се интересираа за вас, но тоа беше само разговор, ништо повеќе… Сакам да бидам легенда на Њукасл. Луѓето овде ме сакаат и јас ги сакам нив. Никогаш не се сомневав во проектот на клубот“, рече тој. Гимараеш и ги запали навивачите.
Њукасл, иако клубот со најбогатите сопственици во светот, трпеливо гради тим кој ќе им го донесе успехот што го посакуваат во иднина, а нема сомневање дека Гимараеш треба да биде еден од клучните играчи.