Дома Фудбал Останато Пјаниќ повторно го „пецна“ Куман: На Барселона и е потребен вистински лидер

Пјаниќ повторно го „пецна“ Куман: На Барселона и е потребен вистински лидер

Миралем Пјаниќ во новото интервју повторно го „пецна“ Роанлд Куман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот стратег го отпиша Пјаниќ на почетокот на оваа сезона, па Босанецот заврши на позајмица во Бешикташ. После доаѓањето во Бешикташ Пјаниќ отворено го критикуваше Куман и зборуваше за ситуацијата во Барселона.

Сега во разговор за „Беин Спорт“ истакна дека можеби Куман е главниот проблем во Барселона.

„Барселона поминува низ тежок период. Резултатите не се такви какви што навивачите посакуваа и тоа прави притисок врз фудбалерите. Можеби е потребен вистински лидер за тимот да застане на нозе. Барселона кога-тогаш ќе се врати, но ќе биде потребно одредено време. Барса секогаш е помеѓу првите четири или пет клубови во светот“, изјави Пјаниќ.

За Барселона Пјаниќ одигра 30 натпревари и неговиот договор со каталонскиот клуб со оглед на тоа дека е на позајмица во Бешикташ е до 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дешамп го повика Мбапе да излезе од игра. Погледнете ја неговата реакција после тоа

ФРАНЦИЈА ја совлада Шведска со 3:0 во Њу Џерси во шеснаесеттина финалето на Светското прве…