Ентони Џошуа го победи вечерва во Лондон Кубрат Пулев со технички нокаут во деветтата рунда и ја одбрани титулата светски шампион во тешка категорија во верзиите ИБФ, ИБО, ВБА И ВБО.
Џошуа како голем фаворит влезе во мечот против бугарскиот боксер и не дозволи никакво изненадување. Борбата ја контролираше од самиот почеток, Пулев немаше договор на нападите на шампионот, а во третата рунда жестоко го нападна со серија удари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Big 3rd round for AJ #JoshuaPulev pic.twitter.com/CwToS2Lys3
— Fuckie Chinster (@Daily_Bruise) December 12, 2020
Успеа Пулев да ја преживее таа трета рунда, но против шампионот изгледаше немоќно. Сепак, во наредните рунди се врати до некаде во живот, меѓутоа Џошуа без поголеми проблеми ги добиваше рундите и неговата бодовна предност само растеше. Повеќе од деветтата рунда Пулев не можеше. Два пати го испрати Пулев на подот, а од вториот бугарскиот боксер не се врати.
Anthony Joshua vs Kubrat Pulev #joshuavspulev #JoshuaPulev pic.twitter.com/Xc7DuXTEhH
— ZombieProphet (@GIFsZP) December 12, 2020