Дома Останати Кошарка Драма на Западот: Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс ја продолжуваат борбата (Видео)

Драма на Западот: Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс ја продолжуваат борбата (Видео)

Се продолжува битката за предноста на домашен терен во плеј-офот на Западната конференција, иако Денвер води со 52 победи, тука се Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон Рокетс.

И двата тима славеа победа изминатата ноќ, бидејќи Лејкерс ги совладаа Вориорс со 119:103, а Хјустон ја надмина Филаделфија со 113:102.

Лос Анџелес Лејкерс беа ослабени и играа без најдобрите играчи Лука Дончиќ и Остин Ривс (двајцата повредени), додека Вориорс беа без Стеф Кари и Порзингис (а сезоната ја заврши Џими Батлер).

Ако сезоната заврши денес, токму Рокетс и Лејкерс би играле во првото коло на доигрувањето и тимот од Лос Анџелес би имал предност на домашен терен.

Лејкерс изминатата ноќ без поголеми проблеми ги победија Вориорс благодарение на одличната игра на Леброн Џејмс кој впиша 26 поени, 8 скокови и 11 асистенции.

Диандре Ејтон го следеше со 21 поен и 5 скокови, додека Џејк Ларавија имаше 16 поени, 7 скокови и 4 асистенции, Лук Кенард 14 поени и 8 асистенции, а Ник Смит и Руи Хачимура постигнаа по 12 поени.

На другата страна, Подземски постигна 17 поени, исто толку имаше и Нејт Вилијамс со 4 скокови и 3 асистенции, Чарлс Беси (желба на Партизан во летниот трансфер период) имаше дабл-дабл со 12 поени и 13 скокови.

Во натпреварот на Хјустон и Филаделфија видовме убедлива победа на Рокетс со двоцифрена разлика, додека Сиксерс играа без Џоел Ембид и Камерон Пејн.

Рокетси ги предводеше Кевин Дурент со 29 поени, 7 скокови и 5 асистенции, а следени беа и од Амен Томпсон со 19 поени, 5 скокови и 4 асистенции и Џабари Смит со 19 поени и 5 скокови.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Денвер го „продаде“ Јокиќ, Србин оди кај Дончиќ во Лејкерс?

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ би можел да му се придружи на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Ле…