ПСЖ испрати понуда за Пауло Дибала, јавува француски Канал+.
Играчот на Јувентус некое време се споменуваше како дел од можна размена на играчи помеѓу Старата дама и Манчестер Јунајтед, но Аргентинецот на крајот одби да премине во англискиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дибала се врати во Торино каде ги помина лекарските прегледи и би требало да се врати на тренинзите со останатиот дел од екипата, додека го чека расплетот на случувањата.
Аргентинецот имаше слаба сезона зад себе во дресот на Јувентус и ја загуби улогата за еден од најважните играчи во тимот по доаѓањето на Кристијано Роналдо.
Во Париз сега веруваат дека може да се донесе играчот на Јувентус, па според тврдењата на француските медиуми ПСЖ испратиле понуда вредна 60 милиони евра.
Претходната сеона овој 25-годишен играч одигра 42 натрепвари во дресот на торинскиот клуб и постигна 10 погодоци.
Le #PSG aurait formulé une offre de 60 M€ à la #Juventus pour Paulo #Dybala (info Canal+) #Mercato pic.twitter.com/kJNKteSoK0
— INFOSPORT+ (@infosportplus) August 5, 2019