Дома Трансфер зона ПСЖ спрема засилување од 300 милиони евра

ПСЖ спрема засилување од 300 милиони евра

Норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд следното лето ќе замине од Борусија Дортмунд, а како една од потенцијалните дестинации за неговата иднина се споменува ПСЖ.

Парижаните сакаат на лето да го купат Халанд и подготвуваат договор од 300 милиони евра, кој би ги задоволил сите страни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ ќе ѝ плати 75 милиони евра на Борусија Дортмунд за услугите на Халанд плус бонуси. Исто така, 20 ќе добие Мино Рајола, како и 20 милиони таткото на Ерлинг. На споменатата сума треба да се додаде годишна плата од 30 милиони евра, која за шест години би стигнала до 180, а со останатите трошоци вкупно Халанд ќе чини 300 милиони евра.

Ова е првпат еден клуб директно да покаже интерес за Халанд со конкретен финансиски план, а шпекулацијата ја објави францускиот медиум „Л’Екип“.

Халанд за новогодишните празници кажа дека кариерата би ја продолжил во Шпанија, од каде што интерес покажаа Реал Мадрид и Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…