Пари Сент Жермен покажува сериозен инетерс кон дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Маркос Рохо, пренесуваат англиските медиуми.
„Сан“ пренесува дека францускиот клуб е спремен да понуди 34 милиони евра за 27-годишниот Аргентинец.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо настојува Рохо да остане на „Олд Трафорд“, но преговорите за нов договор се во застој.
Неговиот договор истекува во 2019 година, па доколку двете страну не најдат заеднички јазик до лето, тогаш „црвените ѓаволи“ сигурно ќе го продадат дефанзивецот.
Рохо е комплетно рехабилитиран од поведата на коленото, а оваа сезона има запишани само 10 настапи во сите натпреварувања.