Дома Фото ПСЖ го претстави резервниот дрес и додели нов број на Мбапе

ПСЖ го претстави резервниот дрес и додели нов број на Мбапе

Француски ПСЖ денеска преку Твитер профилот го претстави новиот резервен дрес со кој клубот ќе игра во наредната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дресот е во бела боја, а главен манекен беше Килијан Мбапе, една од главните ѕвезди на неодамна завршениот Мундијал во Русија.

Една од главните причини поради која Мбапе го претстави дресот е поради новиот број на дресот. Најдобриот млад фудбалер на Мундијалот од наредната сезона ќе го носи бројот 7 кој го доби откако Лукас Моура во јануари премина во Тотенхем.

Инаку, неговиот омилен број е 10, но тој број во ПСЖ е резервиран за Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…