Торино денеска соопшти дека нов тренер на екипата е 53-годишниот италијански стручњак Марко Џампаоло.
Поранешниот тренер на Милан потпиша двегодишен договор со „Биковите“ каде доаѓа со уште неколку соработници.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џампаоло, покрај Милан, во текот на тренерската кариера предводеше бројни италијански клубови, а добри резултати оствари со Сампдорија каде работеше три години.
Тој на клупата на Торино го наследи Морено Лонго.
„Биковите“ претходната сезона ја завршија на 16. место со 40 освоени бодови.
?| #WelcomeGiampaolohttps://t.co/VLfD14H3Nq#SFT pic.twitter.com/gtwcPAzgVi
— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) August 7, 2020