Дома Македонски спорт Проблемите надминати: Чурлинов потпишал за Барнли!

Проблемите надминати: Чурлинов потпишал за Барнли!

Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов ги помина лекарските преглед и потпишал четиригодишен договор со Барнли.

Проблемите кои малку ја одолговлекоа целата работа се надминати и сега се чека само официјалната потврди. Информацијата ја потврди новинарот Флоријан Плетенберг од „Скај Спорт Германија“ кој пред една недела прв објави дека трансферот е пред реализација.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Договорот кој Чурлинов ќе го потпише со Барнли ќе има важност до 2026 година. Штутгарт за неговите услуги ќе добие 3.5 милиони евра веднаш и уште 1.5 преку бонуси. За македонскиот фудбалер ова ќе биде прв предизвик во Англија откако претходно настапуваше за Келн, Штутгарт и Шалке 04 во Германија.

Во Барнли со кој ќе игра во Чемпионшип ќе соработува со легендата на Манчестер Сити, Венсан Компани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…