Црногорскиот ветеран Мирко Вучиниќ кој своето фудбалско име го изгради во Италија ќе мора да седне на обвинителска клупа.
Вучиниќ е обвинет за затајување данок за сума од 5.8 милиони евра и против него е поднесена тужба од страна на италијанските власти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради целиот случај на Вучиниќ му запленет целиот имот во кој има вила во Рима, две куќи во лече и неколку автомобили. Адвокатот на Црногорецот најави дека ќе се жали на одлуката.
Адвокатот тврди дека Вучиниќ во изминатиот период настапувал во ОАЕ за тимот на Ал-Џезеира и поради тоа не е обврзан да плаќа данок на Италија.
Каков епилог ќе има ќе покаже крајот на судењето, но Вучиниќ ќе мора да се појави пред судот кон крајот на март.