Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел се соочува со проблем на почетокот од сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најважните играчи во неговиот тим, одличниот Џамал Мусиала на еден од тренинзите ја скинал задната страна на мускулот на левата нога и неизвесно е колку време ќе паузира.
Мусиала денес заминал на детални прегледи по кои ќе биде познато кога ќе може повторно да биде на располагање.
Покрај Мусиала, Тухел не може да смета и на дефанзивците Бенџамин Павард кој е болен и Рафаел Гереиро кој се опоравува од повредата на мускулот.