Приказната ја откри, Патрис Евра и можеби најдобро опишува зошто Кристиано Роналдо е тоа што е!
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Перфекција или можете да го наречете како сакате.
На Роналдо Бог сигурно не му дал талент каков што има Меси, па дури и Нејмар, но она што Кристиано го постигна со комбинација на физичките предиспозиции и работата е неверојатно.
Освен што е познато дека е човекот кој прв доаѓа на тренинзите и последен заминува, Роналдо е неверојатен натпреварувач, не само во фудбалот, туку секаде.
Приказната која се случила во Манчестер Јунајтед веројатно го опишува и најдобро.
Патрис Евра сега ја откри за медиумите.
„Игравме пинг понг, Рио Фердинанд го победи и малку недостасуваше да се расплаче“.
„Знаете ли што направи? Испрати некој негов близок да му купи маса за пинг понг, ја намести во својот дом и вежбаше како манијак две недели. После тоа го предизвика Рио и пред сите го победи“, изјави Евра.