Дома Останати Ракомет „Пред три години не можев да замислам дека еден Лазаров ќе ми биде пријател“

„Пред три години не можев да замислам дека еден Лазаров ќе ми биде пријател“

Рок Овничек ја игра втората сезона во Нант каде што ја дели соблекувалната со македонската ракометна икона Кирил Лазаров.

25 годишниот среден бек пред дуелот со Целје Пивоварна Лашко имаше интервју за словенскиот „rtvslo.si“. Во интервјуто помеѓу другото Овничек зборуваше и за Лазаров. Тој истакна дека пред неколку години не можел ниту да замисли дека Лазаров ќе му биде пријател.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Системот во кој играме тука ми одговара, одлично се сложувам со соиграчите и тренерот. Многу ми помогна Лазаров, од него се обидувам да учам колку што е можно повеќе затоа што од таков играч имате многу што да научите. Тој воопшто не се однесува како ѕвезда. Пред три години не можев да замислам дека еден Лазаров ќе ми биде пријател. Навистина сум пресреќен што имам прилика да играм со него“, зборуваше Овничек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…