Дома Останати Ракомет Охрид продолжува да гради силен тим: Пристигна хрватски репрезентативен голман!

Охрид продолжува да гради силен тим: Пристигна хрватски репрезентативен голман!

ГРК Охрид го објави првото засилување за следната сезона, а станува збор за искусниот чувар на мрежата Дино Славиќ, кој е стандарден член и на хрватската репрезентација.

Со овој потег, охриѓани веќе почнуваат да го креираат ростерот за новата сезона, а изборот на првото засилување јасно покажува дека клубот има сериозни амбиции.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Славиќ стави потпис на двегодишен договор и ќе му се приклучи на тимот по завршувањето на актуелната сезона.

„Дино Славиќ е првото засилување на ГРК Охрид за наредната сезона!
Хрватскиот репрезентативен голман Дино Славиќ (33 години, 185 цм) ќе го носи дресот со бр.12 миниум 2 сезони. Дино доаѓа од екипата на Лимуж по 3 сезони минати таму, а претходно го носеше дресот на Загреб и Адемар Леон. Има одлични и забележителни настапи за хрватската репрезентација“, стои во соопштението на Охрид.

Самиот Славиќ истакна дека имал повеќе понуди, но на крајот се одлучил за Охрид токму поради визијата и напредокот на клубот.

„Сметам дека Охрид е еден добар проект, разговарав многу со играчите и управата. Имав неколку понуди, но се одлучив за Охрид, резултатите се се`подобри од година во година, клубот напредува. Слушнав се најдобро за Охрид како клуб и место за живот. Среќен сум што доаѓам тука и се надевам дека ќе му помогнам на клубот да ги исполни сите амбиции кои ги има. Македонската лига од година во година е се подобра, ќе се игра и Европа и тоа ќе биде дополнителен мотив“,изјави Дино Славиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ги дозна ривалите на ЕП 2026

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги дозна противниците за претстојното Евро…