Дома Топ вести Преговорите во напредна фаза: Дембеле се поблиску до „Олд Трафорд“

Преговорите во напредна фаза: Дембеле се поблиску до „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед до крајот на преодниот рок сака да се засили со квалитетен крилен напаѓач, а најнова мета е Осман Дембеле.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со оглед на фактот дека Џејсон Санчо е прескап и тешко дека ќе ја напушти Борусија Дортмунд, Дембеле се претвори во примарна цел на „црвените ѓаволи“.

Дембеле не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“, па Барселона е спремна да го продаде, а за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Преговорите помеѓу двата куба се во напредна фаза, а Манчестер Јунајтед сака да го донесе Французинот на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

„Црвените ѓаволи“ понудиле 10 милиони евра за позајмица и 60 милиони евра за откуп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…