Мароканската репрезентативка Нухајла Бензина е првата фудбалерка во историјата која на Светското првенство играла со хиџаб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бензина носеше хиџаб на натпреварот против Јужна Кореја во кој нејзината репрезентација победи со 1:0.
ФИФА претходно имаше забрана за носење хиџаб на теренот поради здравствени и безбедносни грижи, но тоа се промени во 2014 година пред Светското првенство за играчи до 17 години во Јордан.
Бензина остана на клупата во поразот од Германија (0-6), додека против селекцијата на Јужна Кореја го одигра целиот натпревар и влезе во историјата.