Сеск Фабрегас пред неколку дена ја воодушеви јавноста откако побара од Монако да му ја намали платата за 30% за да никој од вработените во клубот не добие отказ.
Фабрегас со тоа му заштеди на клубот 2.5 милиони евра. Исто така порача дека Монако не мора да му ги дава наредните четири плати, туку тие пари да му ги исплати на рати откако ќе му истече договорот во 2022. година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот фудбалер и денеска се огласи на социјалните мрежи со одлични вести. Имено, тој неодамна потврди дека неговата 95-годишна прабаба е позитивна на коронавирус и дека е во тешка состојба.
Меѓутоа, таа успеала да се опорави и тестот кој го направила пред некој ден бил негативен, а својата радост Фабрегас ја сподели со фановите на социјалните мрежи.
„Го победи вирусот, а има 95 години. Вчера тестот покажа дека е негативна на коронавирусот. Мојата прабаба е херој и нејзината победа е мотив за сите нас.“ – порача Сеск.