Tренерот на екипата на Комо, Сеск Фабрегас беше задоволен од победата која ја забележа неговioт тим против Аталанта во рамките од петтото коло, но истакна дека можеле да слават и поубедливо.
Комо со 3:2 вчера ја совлада Аталанта и тоа со пресврт откако во првиот дел губеше со 0:1. За избраниците на шпанскиот стратег ова беше прв триумф во најсилната италијанска конкуренција. .
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Одигравме добар натпревар, создадовме многу шанси, ги притиснавме. Се надевавме дека ќе победиме еден од најдобрите европски тимови и успеавме во тоа. Кога ќе дојдеш во Бергамо и ќе си заминеш со победа значи дека сте одиграле одличен натпревар“, изјави Фабрегас.
Комо моментално е на 15. место на табелата во Серија А со пет бода.
“Задоволен сум од сите сегменти од играта. Мислам дека можевме да победиме поубедливо. Заслуживме повеќе и на претходните натпревари. Ова е само почеток”, изјави Фабрегас.
Комо ќе ја пречека Верона во следното коло од италијанскиот шампионат.