Италијанските медиуми пренесуваат необична ситуација поврзана со поранешниот фудбалер, а сега тренер на Комо, Сеск Фабрегас.
37-годишниот Шпанец го води Комо кој сезонава влезе во Серија А каде што изгледа дека ќе води голема борба за опстанок бидејќи и по четири кола имаат само два бода. Но, Фабрегас се соочува со бизарна работа надвор од теренот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Имено, Фабрегас живее во Бисоне, богат регион во Швајцарија кој е одалечен 25 километри од Комо. Но, станот не го купил, туку го изнајмува и наводно не платил веќе неколку рати не платил станарина.
Според, италијанските медиуми неговиот долг изнесува 36.000 евра и сопственикот на станот одлучил целиот случај да го даде на суд. Рочиштето е закажано за идната недела. Во случај Фабрегас да го изгуби случајот Фабрегас со неговото семејство ќе биде исфрлен од станот