Дома Фудбал Почина Гери Шо, легендарниот напаѓач на Астон Вила

Почина Гери Шо, легендарниот напаѓач на Астон Вила

Англискиот фудбалски премиерлигаш Астон Вила соопшти дека починал Гери Шо (63), легендарен фудбалер и поранешен напаѓач на клубот од Бирмингем.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На почетокот на септември, Шо претрпе сериозни повреди на главата при пад. Оттогаш тој е во болница, но поради сериозноста на повредите на крајот починал.

Професионалната кариера ја започна во Астон Вила каде играше од 1978 до 1988 година. Најголемиот успех го постигна во сезоната 1980/81, кога со Астон Вила ја освои титулата во Англија, додека следната сезона клубот сензационално го освои Купот на шампионите, денешната Лига на шампиони, со победата во финалето против Баерн Минхен.

Во сезоната кога Астон Вила стана шампион на Англија, Шо постигна 17 гола, а вкупно за клубот одигра 213 натпревари и постигна 79 гола.

Никогаш не играше за англиската репрезентација, но беше репрезентативец до 21 година. Тешката повреда на коленото во 1983 година имаше големо влијание врз неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија ја совлада Португалија во „последниот танц“ на Роналдо

Европскиот шампион Шпанија продолжува со настапите за светската титула, откако победи со 1…