Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси на крајот на минатата година конечно стави крај на шпекулациите и го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2021 година.
Познато е дека претходно Манчестер Сити беше силно заинтересиран за неговиот потпис, а шпанските медиуми открија „шокантна“ информација и тврдат дека Реал Мадрид во 2013 година бил спремен да ја плати откупната клаузула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имно „кралевите“ пред да го купат Герет Бејл, пробале да го доведат Меси. Адвокатот на фамилијата на Меси, Иниго Јуарез откри дека „кралевите“ биле подготвени да ја плати откупната клаузула која во тој момент изнесуваше 250 милиони евра.
Ова немаше да биде прв случај Реал да ја купува ѕвезда на Барселона со активирање на клаузулата, бидејќи истото го направи и со Луис Фиго во 2001 година.
Меѓутоа, Меси одбил да ја „предаде“ својата Барселона и ја одбил можноста да се пресели во редовите на најголемиот ривал.