Дома Трансфер зона Потврдено: Паулињо нов играч на Барселона!

Потврдено: Паулињо нов играч на Барселона!

Барселона денес го потврди трансферот на Паулињо од Гуангжу Евергранде. Како што потврди клубот на својата официјална страна Бразилецот доаѓа за трансфер вреден 40 милиони евра.

Паулињо во четврток наутро ќе потпише договор со Барселона и ќе биде офицјално претставен на „Камп Ноу“.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


29-годишниот играч за врска роден во Сао Паоло го одличкуваат сила и креативност, па сигурно ќе биде засилување за средниот ред на Каталонците.

Пред да се пресели во Кина играше за Тотенхем, а е стандарден член на бразилската репрезентација уште од 2011 година и има запишано 41 настап за „кариоките“.

Интересно, во новиот договор со Барселона ќе има откупна клаузула од 120 милиони евра, а сеуште не е познато колку долг договор ќе потпише со каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Јувентус го договори најдобриот голман во Серија А

Според последните информации од Италија екипата на Јувентус за наредната сезона договорила…