Боксерскиот светски шампион во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Тајсон Фјури ја договори борбата со која се враќа во рингот.
Иако Фјури порачуваше дека ќе се врати во рингот само за борба против неговиот сонародник Ентони Џошуа, сепак тој нема да биде негов ривал. Фјури ќе ги вкрсти ракавиците со Дерик Чисора.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Борбата е закажана на 3. декември и ќе се одржи на стадионот на Тотенхем. За многумина терминот и местото на одржување е изненадување поради ниските температури во овој период од годината во овој дел.
Информациите од Островот се дека рингот ќе биде покриен, па така боксерите нема да имаат проблеми со ладното време. Сепак, тоа нема да биде олеснителна околност за публиката која ќе мора подобро да се облече.
За Фјури ова ќе биде трета борба со Чисора, претходните две ги доби убедливо. Ќе потсетиме неговата последна борба беше во април кога го победи Дилијан Вајт на „Вембли“, а после таа борба најави пензионирање. Очигледно не издржа долго…