Aрсенал во средата ремизираше против Манчестер Јунајтед (2:2) на „Олд Трафорд“.
На оваа средба Арсенал имаше повеќе прилики да дојде до победа, но на крајот избраниците Емери мораа да се задоволат со бод.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа денес од Лондон стигнуваат лоши вести. Од она што стравуваше Унаи Емери и кое го најави после дербито се оствар. Роб Холдинг кој мораше да ја напушти играта во првото полувреме ја заврши сезоната.
Дефанзивецот на Арсенал на носилки беше изнесен од тревникот на „Олд Трафорд“ после дуелот со Маркус Рашфорд, а набрзо после завршувањето на средбата се појавија црните прогнози за карактерот на повредата.
Сега истите се и потврдени. Арсенал преку соопштение потврди дека 23 годишниот Холдинг се здобил со потешка повреда на лигаментите на коленото на левата нога и дека во наредните денови ќе биде подлегнат на оперативен зафат.
„Роб во наредните денови ќе биде опериран поради повреда на лигаментите на коленото. Се очекува процесот на рехабилитација да трае шест до девет месеци“, порачаа од Арсенал.
BREAKING | Rob Holding will miss the rest of the season after suffering an ACL injury vs Man Utd pic.twitter.com/CMFr6F2sOV
— Goal (@goal) December 7, 2018