Дома Трансфер зона Постигнат договор: Јувентус на лето добива засилување од Манчестер Јунајтед!

Постигнат договор: Јувентус на лето добива засилување од Манчестер Јунајтед!

Екипата на Јувентус успеа да договори летно засилување од Манчестер Јунајтед, дознаваат италијанските медиуми.

Нов член на „старата дама“ ќе биде италијанскиот репрезентативец, Матео Дармијан.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Дармијан со Јувентус се поврзува од поодамна. Италијанскиот шампион се обиде да го доведе минатото лето и во текот на јануари, но не успеаа да постигнат договор. Меѓутоа преговорите беа продолжени и трансферот е договорен за на лето.

Италијанецот кај Жозе Мурињо оваа сезона скоро и да не игра. Настапи на само седум натпревари и поради тоа побара да го напушти „Олд Трафорд“.

Во Јунјатед, Дармијан пристигна во 2015 година од Торино и од тој момент настапи на 80 натпревари и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…