Дома Трансфер зона Постигнат договор: Сабицер на пат за Манчестер

Постигнат договор: Сабицер на пат за Манчестер

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен постигнаа договор за трансфер на Марсел Сабицер, пренесуваат англиските медиуми.

После повредата на Ериксен, „црвените ѓаволи“ тргнаа во потрага по играч за врска и започнаа преговори со Баерн Минхен.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Австриецот беше спремен да ја промени средината и веднаш се договори со Манчестер Јунајтед, а попладнево конечно и двата клуба најдоа заеднички јазик.

Сабицер ќе се пресели на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната, а во договорот нема опција за откуп.

Играчот веќе е на пат за Манчестер за да го комплетира трансферот до крајот на преодниот рок во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…