Дома Фудбал Роналдо размислува да си замине, во договорот има ослободителна клаузула

Роналдо размислува да си замине, во договорот има ослободителна клаузула

Гневот на Кристијано Роналдо кон раководството на Ал-Наср е толку голем, што Португалецот сериозно размислува за можноста да си замине летово. 40-годишниот Португалец објави бојкот бидејќи смета дека неговиот тим не добива доволно помош на трансфер пазарот на сметка на Ал-Хилал, кој вчера се зајакна со Карим Бензема.

Според информација од португалскиот “Рекорд”, во договорот на Кристијано Роналдо, од кој остануваат уште 18 месеци, има ослободителна клаузула во вредност од 50 милиони евра. Изворот тврди дека CR7 е подготвен да се врати во Европа, под услов да се најде некој што би ја платил неговата клаузула. Ова, меѓутоа, тешко дека ќе се случи, земајќи предвид дека во четврток Роналдо ќе наполни 41 година.

Другата опција, доколку дојде до одлука за разделба со Ал-Наср, се клубовите од МЛС.

Главната цел на Роналдо си остануваат оние 1000 кариерни голови, кон кои се стреми. До овој момент има 961. Се разбира, Кристијано секогаш е гладен и за трофеи, а тоа што сè уште не може да ја освои титулата во домашното првенство, воопшто не му се допаѓа. Во моментот, Ал-Наср е само една точка зад шампионот Ал-Хилал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов шок за ѕвездата на Барселона: Со солзи го напушти теренот поради повреда (Видео)

Барселона со победа од 3:1 во Севиља го продолжи својот совршен старт на сезоната, но натп…