Дома Фудбал Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Барселона сака да го организира финалето на ЛШ во 2029 година

Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја поднесе почетната документација на Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, соопшти денеска каталонскиот клуб.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Во соопштението се наведува дека Барселона официјално изразила подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, со одобрение на УЕФА и поддршка од Фудбалскиот сојуз на Шпанија (РФЕФ), да учествува во почетната фаза на кандидатурата и да го предложи стадионот „Камп Ноу“ за организација на финалето на ЛШ 2029.

Барселона изјави дека конечната кандидатура ќе биде формализирана на почетокот од јуни 2026 година кога ќе биде поднесена целокупната потребна документација за добивање на домаќинство на финалето на ЛШ.

Да потсетиме, стадионот „Камп Ноу“ неодамна беше реновиран, поради што самата Барселона играше на заменски терен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…