Дома Фудбал Арсенал триумфираше над Челси и влезе во финалето на англискиот Лига куп

Арсенал триумфираше над Челси и влезе во финалето на англискиот Лига куп

Арсенал го совлада Челси со 1:0 во полуфиналниот натпревар на англискиот Лига куп, обезбедувајќи пласман во финалето. „Топчиите“ дојдоа на „Емирејтс“ со предност од 3:2, а во oвој натпревар победата ја обезбедија со погодок на Кај Хаверц по контранапад во 97. минута. Видеото од голот погледнете го ТУКА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Водечката екипа од Премиер лигата ќе се соочи во финалето со победникот од дуелот помеѓу Њукасл и Манчестер Сити. Тимот на Пеп Гвардиола ќе го одигра возвратниот натпревар во среда на „Етихад“, со предност од 2:0 од првиот натпревар.

Ова ќе биде деветто финале на Лига купот за Арсенал, а досега имаат славено само двапати. Последниот пат беше во далечната 1993 година. Во 21-от век играле три финалиња и сите три ги загубиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит сцена на Мундијалот: Му помагаше на противникот, а кога виде дека може да даде гол – го остави! (Видео)

На мечот од Мундијалот меѓу Уругвај и Зелено’ртските Острови кој заврши 2:2, но она …