
Барселона се пласираше во полуфиналето на Купот на кралот затоа што синоќа во гостувањето го совлада Албасете со 2:1. Сепак, Ханси Флик не беше премногу задоволен по победата на неговиот тим, и играчите особено им забележа за една работа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Албасете успеа да создаде драма во финишот на натпреварот. Домаќините во 87. минута преку голот на Морено го намалија на 1:2 и дадоа максимум во судиското надополнување да дојдат до продолженија, но Барселона успеа да се одбрани.
По натпреварот, Ханси Флик не беше премногу среќен со изведбата на својот тим, а особено им забележа за тоа што повторно промашуваа многу шанси, што на крајот можеше да ги чини Барселона.
„Сами си ги искомплициравме работите пред крајот на натпреварот. Повторно промашивме огромен број шанси. Ова станува проблем, се повторува веќе неколкупати“, рече Флик.